Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доцнеше час и половина на седницата на Советот за безбедност на ОН. Потоа во својот говор, меѓу другото, рече дека Украина станала тоталитарна држава, слична на нацистите.
?? Contrary to all other leaders we've heard from today at the #UNSC on the topic of referendums on Ukraine, Lavrov asserts their legitimacy.
"#Ukraine has become a completely totalitarian, Nazi-like state," Russian FM Sergey Lavrov continues ⤵️ pic.twitter.com/SUAcO7VEJM
— FRANCE 24 English (@France24_en) September 22, 2022
Како што јави Си-Ен-Ен, Лавров рече дека има обид да се наметне идејата за руска агресија како извор на сите трагедии, а зборуваше и за историската поврзаност меѓу Украина и Русија. Тој исто така рече дека е загрижен за судбината на руските војници заробени во Украина и дека не верува во работата на Меѓународниот кривичен суд.
Лавров ја напушти седницата на ОН веднаш штом го заврши својот говор. Потоа збор зеде британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, кој коментираше:
Лавров не сака да ја слушне колективната осуда на овој Совет.