Каевски: За расколот и кавгите за медот, ВМРО-ДПМНЕ да ги бараат проблемите кај себе

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ да не ја меша СДСМ во внатрешните проблеми којшто и се случуваат, за рачињата во медот, за криминалот ,за хаосот и паниката којшто владее. Хаосот и паниката којшто владее во ВМРО-ДПМНЕ очигледно е дека има основани причини и причините не се никој друг освен самите тие“, одговори портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски на новинарско прашање.

„Единствената адреса на којашто треба да се посочат овие работи е белиот дворец, а единствениот којшто и те како има одговорност и треба да се посочи е Христијан Мицкоски.

Со денови слушаме големи обвинувања за криминал, за рацете во медот. Слушнавме и дека Христијан Мицкоски е потрошен кадар, слушнавме и различни толкувања од оние на Христијан Мицкоски за процесите којшто треба да се случат конкретно и со Уставот.

Сето тоа покажува дека Христијан Мицкоски се обидува да ја заштити својата фотеља и со вакви обвинувања како денеска.

Она што сакам да го потенцирам е дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не е ребрендирана и реформирана партија туку со сите овие постапки и потези којшто ги прават во изминатиот период дополнително покажуваат дека се дополнително криминализирана партија“, додаде Каевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата