„Ова е уште еден обид на антиевропската коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица на неуставен начин да го блокира европскиот пат на државата. Единствени којшто се против ЕУ токму во оваа фаза во којашто се наоѓаме со почеток на преговорите и скрининг процесот се Христијан Мицкоски и Левица“, одговори портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски на новинарско прашање.
„Криминалната антиевропска коалиција бара спас за својата фотеља, бара спас преку блокирања и штета врз државата.
За среќа на граѓаните ова е уште еден неуспешен обид и овој обид нема да помине. Државата ќе продолжи и понатаму кон европскиот пат секако со сите придобивки којшто ги носи овој процес. Северна Македонија ги започна преговорите и скрининг процесот и како државотворна и одговорна партија верувам дека ќе продолжиме по вистинскиот пат, забрзан, се со цел час поскоро да ги завршиме обврските и да ги имаме придобивките којшто ги носи европскиот процес на нашата држава“, додаде Каевски.