ВМРО-ДПМНЕ: Владата е составена од дезертери и луѓе со дијагноза трајно неспособни, Ковачевски да подлежи на испитување на деловната способност

Од:

„Дезертерот Ковачевски е трајно неспособен, тоа е дијагноза, која сам ја пријавил во АРМ. Ако е трајно неспособен за војска, како е способен за извршување на функцијата премиер? И дали затоа бега од утврдување на неговата деловна способност? Дезертерот Ковачевски избегнал служење војска на сопствената држава во време кога Македонија се соочуваше со воен конфликт и голем број на граѓани самоиницијативно се приклучуваа во АРМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова дезертерот Ковачевски докажува дека не се бори ниту за државата, ниту за граѓаните, туку за сопствениот интерес и бенефит. Дезертерот Ковачевски мора да собере храброст и да одговори кога ја лажел јавноста кога изјави дека не отслужил воен рок бидејќи бил на студии или кога поднел документ дека е трајно неспособен.

Доколку дезертерот Ковачевски не одговори тогаш вистината е дека тој навистина е трајно неспособен.

Дополнително, потребно е испитување на деловната способност на дезертерот Ковачевски бидејќи истиот може во наредниот период да нареди извршување на дејствија и донесе несоодветни одлуки кои што ќе бидат на штета на државата и на граѓаните, и притоа да избегне кривична одговорност со документот дека е трајно неспособен.

Владата на антимакедонската СДС е составена од дезертери и луѓе со дијагноза трајно неспособни. Претходно Талат Џафери дезертираше од АРМ, а сега и Димитар Ковачевски. Не може дезертери од АРМ да бидат на високи раководни позиции.

На државата и се потребни способни луѓе кои што ќе можат соодветно да одговорат на сите предизвици. Затоа е потребно оставка и распишување на предвремени парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО