СДСМ: Поделби, кавги и внатрешни судири во ВМРО-ДПМНЕ само за пари и тендери

Од:

„Јавноста изминатите денови сведочи на меѓусебни обвинувања во ВМРО-ДПМНЕ за криминал, за рацете во медот и тоа за тендер од 136 милиони евра во Град Скопје“, велат од СДСМ.

„И додека трае кавгата на релација ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска, за пари и тендери, во самата опозицициската партија се случуваат поделби и внатрешни судири.

Самите даваат различни изјави од Мицкоски за промена на Уставот и против референдум. Самите велат дека Мицкоски бил потрошен и треба да си даде оставка.

ВМРО-ДПМНЕ има бројни внатрешни проблеми кои треба да си ги решава, но она што е поразително е не само што таа не е реформирана партија, туку е и дополнително криминализирана“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски