Владата не ја прошири листата на производи со замрзнати маржи оти уште се анализира пазарот

Од:

Владата одржа уште една седница на која не ја прошири листата на производи со замрзнати цени, согласно најавите на министерот за економија Крешник Бектеши. Портпаролот на Владата Муамет Хоџа денес објасни дека на проширување на листата се уште се работи.

„Владата на вчерашната седница не донесе одлука со која се проширува листата на производи на кои им е определена маржата. Економскиот тим е во постојан контакт со сите засегнати страни и во тој контекст како и претходно што најавија ќе има проширена листа на производи по завршување на потребните анализи на пазарот“, рече портпаролот Хоџа.

На вчерашната седница Владата донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата за основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало и во следните три месеци, односно до 31 декември 2022 година.

За да го спречи неконтролираниот раст на цените на основните продукти предизвикан од енергетската криза, Владата во јуни годинава ги ограничи маржите на лебот, шеќерот и сончогледовото масло на 5% и на пченицата, макароните, шпагетите, оризот и кравјото млеко на 10 %.

Поради значителниот скок на цените на сите останати продукти по замрзнување на маржите на основните продукти, министерот Бектеши најави проширување на листатата.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада