СДСМ: Мицкоски го пушта во јавност дезертерот и фалсификатор Ковачки да шири невистини

Од:

Уплашениот Мицкоски го пушта во јавност дезертерот и фалсификатор Ковачки да шири невистини, реагира СДСМ откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и денес на прес-конференција побара оставка од премиерот Ковачевски и утврдување на неговата деловна способност поради, како што тврдат, избегнување на обврската за служење на воениот рок.

„Христијан Мицкоски уплашен за својата фотелја во белиот дворец, се крие од граѓаните и наместо да одговори на поставените прашања, тој преку неговите соработници шири лаги и невистини.

Мицкоски во јавноста го пушта Драган Ковачки, дезертер од Армијата и лице кое пред неколку години добило кривична пријава за фалсификување исправа.

Ете колку е очаен Мицкоски“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он