Поевтинува дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00% во однос на одлуката од 19.09.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит и сега ќе изнесува 86,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 22.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50(денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00(денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм)

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Бензините поевтинуваат за половина денар по литар

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата