Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, планира на 30 септември да го претстави прототипот на хуманоиден робот Оптимус.
Хуманоидните роботи на Тесла првично ќе се користат во производството и логистиката за досадна и повторувачка работа за да се реши проблемот со недостигот на работна сила.
Маск очекува дека роботот може да се користи во домаќинствата, па дури и да стане „пријател“.
Додека роботите се широко користени за специјализирани работни места во фабриките, многу компании се мачеа да создадат комерцијално остварливи роботи слични на луѓе, и покрај деценискиот напор.
„Тоа е многу, многу предизвикувачки пазар, бидејќи купувате голем, скап робот, но тој навистина не може да направи многу“, вели Хени Бен Амор, професор по роботика на Државниот универзитет во Аризона.
Со создавањето на овој робот, Маск би ја проширил активноста со која веќе се занимава со развој на самоуправувачки автомобили, кои, сепак, и покрај неговите ветувања сè уште не станале реалност.