(ВИДЕО) Костовски: Мицкоски е шпицен градоначалник само за бизниси и пари

Од:

„Повеќе од една недела ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во спорните тендери од над 136 милиони евра. Фатени со рацете во медот, молчат и за други пропаднати проекти“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен градоначалник на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Само за да контролира бизниси и влијанија, или со нивниот речник кажано, да ги брца рацете во медот.

На изборите во 2020 година Мицкоски побегна од листите, не беше носител во ниту една изборна единица. Кукавички, самиот се прогласи за шпицен кандидатат и ја смести неговата редовна жртва, Александар Николовски да го крепи изборниот пораз.

Типично за најголемата полтичка кукавица во земјава. Цел живот се влече на нечиј грб.

Несигурен во себе и во своите пратеници, ги присилуваше дури да потпишат незаконски нотарски изјави дека ќе му бидат верни.

Уплашен за сопствената фотелја шпицниот градоначалник секогаш ги гледал своите лични и бизнис интереси на ВМРО тендерска ДПМНЕ.

За Мицкоски никогаш не бил важен интересот на граѓаните.

И тоа е она што денеска граѓаните го гледаат. Ова е вистинскиото лице на Христијан Мицкоски и оваа стара, нереформирана, криминална партија.

Кулминација на внатрешни превирања и корупциски скандали вредни над 136 милиони евра со заеднички именител- пари.

Ништо не е сменето во ВМРО тендерска ДПМНЕ, Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник, Никола Груевски.

Тоа е тендерската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие не се менуваат, само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа