(ВИДЕО) Груевски ја фрли ракавицата: Избори на 13 октомври

Од:

Премиерот  Никола Груевски вечерва во директно обраќање понуди две варијанти за решавање на безизлезот со Комисијата за 24. Декември. Тој нагласи дека со двете варијанти ќе се спречи најавата на Европската Унија за одземање на препораката.

-Комисијата има 5 члена, тројца  се на СДСМ, нека се  собере веднаш и со надгласување нека изгласаат каков сакаат извештај.  Ако не сака Борче Давитковски да гласа, ВМРО- ДПМНЕ ќе поддржи нов претседател кој ќе го предложи СДСМ,  било кој, па дури и Бранко Црвенковски или Зоран Заев, кој и да го предложат. На тој начин СДСМ ќе има извештај каков што сака, што се однесува во правните калификации по нивна мерка, а Македонија ќе се ослободи од заканата за губење на препораката. За нас тоа ќе биде партиски извештај, но барем ќе го има, рече Груевски.

-Ако и ова  е неприфатливо тогаш предлагаме-во понеделник на итна седница, да распишеме предвремени парламентарни избори за 13 октомври. Предлагаме утре да потпишеме две верзии на правните квалификации на извештајот.

-Едната која ќе биде согласно ставот на ВМРО-ДПМНЕ и во која ќе пишува дека е  валидна доколку на 13 октомври ВМРО-ДПМНЕ добие повеќе гласови од СДСМ. И втората која ќе ги содржи правните квалификации на СДСМ, и во која ќе пишува дека е валидна и стапува на сила долку СДСМ добие повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

-13 октомври е последен  ден, недела, пред 16 октомври,кога треба да се објави извештајот на ЕУ за Македонија и тогаш ќе имаме валиден извештај потпишан од граѓаните, така што нема да биде причина за одземање на препораката од Европската Комисија.

-Или гласајте каков сакате извештај, или ајде на избори, па народот нека реши, повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски рече дека не е точно дека разговорите запнале кај новинарите и дека СДСМ сакал да прикаже ситуација каква што им одговара. Неточно според него било и тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило одговорност за исфрлањето на пратениците. Тоа според Груевски било смислено од новото раководство на СДСМ за да покаже дека се залагаат за нивните пратеници.

Според Груевски ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека на 24. декември,  Бранко Црвенковски го втурнал СДСМ во 5 месеци порано смислено сценарио за преземање на власта, во кое се надевал на гласовите на граѓаните.

СДСМ со насилство во парламентот го блокираше буџетот, создаде хаос, и кога виде дека на тоа се одговори со уставни средства, не успеа со 3000 луѓе насилно да влезе во парламентот, не успеа ни во тоа. Уставот беше повторно заштитен.

Интервенцијата во Собранието беше уставна, отстранувањето на новинарите беше дел од пошироката безбедносна, кризна состојба. Таму имаше и партиски активисти кои се претставуваа како новинари со цел да го инструираат филмот на СДСМ, рече Груевски.

Интевренцијата на полицијата пред парламентот беше законска и во заштита на Уставот, поголемиот дел го знае тоа. И не случајно само 500 лица тргнаа во влегувањето во парламентот.

24 делември беше ден кога се заштити Уставот и парламентот на Македонија. Став на ВМРО-ДПМНЕ е дека СДСМ во неколку наврати го прекрши Уставот-спречувајќи го претседателот и комисиите да ја извршуваат својата работа. Сепак со наша добра волја за успех, најголем дел од нашите ставови се согласивме да не влезат во извештајот, ценевме нема да прифатат реален извештај. Тоа беше огромен влог.

Кога ова го виде креаторот на 24. декември се исплаши од компромисен извештај, и веднаш СДСМ ја сменија позицијата и излегоа со сосема нова-тоа беше дека не само што треба да се амнестираат од одговорност туку и ВМРО-ДПМНЕ да се прогласи за виновен.
Груевски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има 158 илјади члена, а иод другата страна противник раштиман оркестар.

Проценив дека треба да покажеме ширина-не само што се откажавме од тоа дека за СДСМ треба да се откажаеме од вина, туку почавме да прифаќаме и формулации со кои прифаќавме вина.
На крај, на СДСМ и тоа не му беше доволно побаараа две работи-експлицитно да стои дека сме го прекршиле Уставот, и второ нашите претставници во Комисијата да гласаат за тоа и да се потпишат, посочи Груевски.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата