Безбедноста во јужниот Кавказ и источниот Медитеран во фокусот на средбата на МНР на Грција, Кипар и Ерменија

Од:

За безбедносните прашања поврзани со јужниот Кавказ и источниот Медитеран, дискутирале министрите за надворешни работи на Грција, Кипар и Ерменија на нивната трилатерална средба во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.

Според заедничката изјава по трилатералната средба, шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан „ја презентирал ситуацијата по неодамнешната азербејџанска агресија врз Ерменија“, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас се осврнал на „ескалацијата на непријателската реторика на Турција против Грција“, а кипарскиот МНР Јоанис Касулидис ги информирал неговите колеги за „ситуацијата во Источниот Медитеран и за најновите случувања во врска со процесот на обединување на Кипар“.

Пред трилатералната средба, билатерален состанок одржаа министрите за надворешни работи на Грција и Кипар, а шефот на грчката дипломатија во изјава по средбата рече дека двете земји се посветени на меѓународното право.

Рече дека се против секој ревизионизмот, „од која земја и да доаѓа, а особено кога е обид да се искористи енергетската ситуација како оружје против одредени држави“.

Дополнително, го повтори задоволството за укинувањето на ембаргото на САД за продажба на оружје на Кипар.

Дендиас од вчера е во Њујорк, а заедно со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој пристигнува денеска, ќе одржат низа средби на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Шефот на грчката дипломатија рече дека лично тој ќе има над 30 контакти, а ако се земат предвид и средбите на Мицотакис, вкупно ќе имаат над 40- 45 средби.

-Мислам дека е одлична можност да ги продлабочиме односите што веќе ги имаме, но исто така и да им ја објасниме на сите наши соговорници конструктивната улога што Грција ја игра во поширок регион, и на Балканот и во Источниот Медитеран. И, се разбира, да го промовираме големото национално прашање на Кипар, рече Дендиас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ОН: Најмалку 183 украински цивили загинаа во руските напади во октомври

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Експерт на ОН предупреди дека обновата на Газа може да потрае 80 години

ВИДЕО: Израелците со тенкови упаднале на позициите ОН во Либан, 15 мировници повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени