Размена на заробеници меѓу САД и талибанските власти во Авганистан

Од:

САД и талибанските власти во Авганистан денеска разменија заробеници, при што американски воен ветеран е разменет за авганистански воен лидер осуден во САД на доживотна казна затвор.

Американскиот маринец Марк Фририкс заробен од Талибанците пред две години во Авганистан е разменет за Хаџи Башир Нурзаи, кој по 17 години минати во затворот Гвантанамо на Куба триумфално беше пречекан во Кабул.

Вршителот на должноста шеф на дипломатијата на талибанските власти Амир Хан Мутаки денеска на кабулскиот аеродром во Кабул соопшти дека по долготрајни преговори Фририкс и бил предаден на американската делегација што во замена го донела Нурзаи во Кабул.

Башир Нурзаи, инаку близок соработник на починатиот основач на талибанското движење Мула Омар, се бореше против советската окупација на Авганистан заедно со муџахедините поддржани од САД. Подоцна беше обвинет и осуден од американските власти за меѓународна трговија со хероин, како и за поддршка на талибанскиот режим што управуваше со Авганистан во периодот од 1996 до 2001 година.

Нурзаи пред бројните медиуми на аеродромот во Кабул рече дека неговото ослободување ќе биде извор на мир меѓу Авганистан и Американците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија