Портпаролот на Кремљ денеска изјави дека „гласните“ изјави на претседателката на Претставничкиот дом во Американскиот конгрес Ненси Пелоси во врска со причините за граничниот конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија веројатно нема да помогнат да се стабилизира ситуацијата.
Песков им објасни на новинарите дека „тивкиот и деловен пристап“ би дал подобри резултати.
Пелоси вчера го обвини Азербејџан дека е одговорен за минатонеделните гранични судири меѓу азербејџанските и ерменските сили во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.
Извор: МИА