(ВИДЕО) Ковачки: Ковачевски е трајно неспособен, дали лажел за да избегне војска или имаме неспособен човек за премиер

Од:

„Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, го избегнал отслужувањето на воениот рок, правдајќи се со лекарско мислење дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН за служење војска. Ова е документот, извадок од евиденциона книга на АРМ, објавен на социјалните мрежи“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од овој документ јасно се гледа дека Ковачевски од страна на лекари е прогласен за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Ова води до два заклучока. Или Ковачевски го злоупотребил влијанието на татко му кој тогаш бил градоначалник на Куманово и партиски функционер на СДС и добил лажно лекарско мислење, или тој навистина е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Доколку Ковачевски не лажел и не се служел со измама, тогаш ние за премиер на државата имаме ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН човек, а самата дијагноза кажува дека неговата неспособност не може да се отстрани, т.е. дека таквата состојба кај него е трајна, што значи дека истата може само да се влошува.

Доколку Ковачевски лажел за својата здравствена ситуација, тогаш ние на чело на државата имаме патолошки лажго.

Ако лажел да избегне служење војска правејќи се ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, тогаш не можеме ниту да претпоставиме за што се’ друго би лажел.

Доколку пак Ковачевски навистина е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, не знаеме дали таа состојба кај него прогресирала и дали тој е целосно функционален да ги извршува државничките задачи.

И во двата случаи, односно и доколку лажел, и доколку е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, Ковачевски како премиер е опасност за државата.

Ковачевски мора да си даде оставка. Македонија не смее да биде водена од премиер кој е или патолошки лажго или е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски