За неколку часа убиени повеќе раководни лица на окупираните територии во Украина

Од:

Најмалку пет проруски функционери се убиени во период од само неколку часа на територијата на Украина што е под руска окупација, соопштува лондонски „Гардијан“, посочувајќи дека се работи за локални лидери назначени од Москва.

Проруските функционири се убиени во области оддалечени стотици километри, од Луганск на исток до Херсон во јужните делови на Украина, како и во Бердјанск.
Проруските сепаратисти во Украина го обвинуваат Киев за убиствата, додека украинските власти не презеле одговорност за ниту еден од нападите.

Во бомбашки напад во самопрогласената Луганска Народна Република загинаа главниот обвинител и неговиот заменик, а во ракетен напад врз административна зграда во окупираниот Херсон се убиени најмалку тројца проруски функционери.

Во окупираниот Бердјанск се убиени градоначалникот и неговата сопруга на пат кон кон изборната комисија задолжена за организирање на референдумот за присоединување кон Русија.
Коментарите на украинските власти за убиствата се дека се работи или за пресметки меѓу локални криминални групи околу поделба на воен плен или за обид на Русија да елиминира сведоци на воени злосторства.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он