Теророт продолжува – нови 30 дена притвор за новинарот Кежаровски

Од:

Новинарот Томислав Кежаровски доби уште 30 дена притовор, односно мерката му е продолќена четрвти месецец по ред. Кривичниот суд ја правда ваквата мерка со можноста новинарот да избегал и да не може да се појави на судење.

Колку за потсетување, на двајцата жители на Скопје кои на крајот на јули насилно се обидоа да внесат 36-годишна девојка во нивниот автомобил, а потоа ја влечеа и нанесоа телесни повреди, истражниот судија им одреди 30-дневен домашен притвор. Домашен притвор доби и Паско Кузман, но Кежаровски за објавен текст веќе четврти месец е во притвор.

kezarovskiТој на првото рочиште на процесот „Ликвидација“ посочи дека мерката кој му ја одредува судот е крвничка.

„Кривичната пријава и обвинението за мене се неприфатливи и демонстрација на лицемерие со цел да се прикрие што точно се случило“, рече новинарот Кежаровски.
Пред два дена на Фејбук профилот се огласи и неговата сопруга
Томче невино го поминува 87 ден во притвор. 87 не живееме. Го уништуваат и понатака и онака веќе ослабен физички. Не уништија и нас. Уништивте цело семејство. Се надминавте себе си. Прашање до сите надлежни за неговиот притвор, имате ли сеемејства? Имате ли деца..мислите ли дека злото е бумеранг што се враќа на тој што го праќа? Да, не уништивте! Задоволни? Јадете, пијте, спијте мирно..нашиве солзи ќе ве стигнат бидете сигурни. Еј, држите невин човек, каде ќе ви оди душата?

Да ви ги дадеме нашиве души ќе ви бидат ли доволна гаранција дека нема да избега никаде и дека нема да влијае на сведоци? ..ако е таа цената еве се согласуваме, земете ни ги! А за сите оние злонамерници што велат дека не бил маж и дека требало да издржи машки, бил слаб и плачаел на судењето да им објаснам за да нема дилеми..Да, се расплака, ама се расплака само заради своето дете што не можеше да го гушне, а не затоа што не бил голем маж за да го издржи притворот. A тоа што тие не можат да разберат што значи да не можеш да си го прегрнеш своето дете, тогаш нема дилема, тие луѓе се опасни за околината, напиша Марина Кежаровска.

Screenshot_9

Новинарите и судот по одредувањето на првата мерка притвор, се впуштија во конфликт со соопштенија. Судот на реакцијата на новинарите дека Кежаровски  непотребно се држи во притвор, возврати дека  секогаш се реагира бурно  кога се насетува исходот од процесот.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ