(ВИДЕО) Андоновски: Арсовска во време на најголема криза од ЈП Водовод брка од работа 100 вработени

Од:

„По агресивниот настап на градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска и противправното разрешување на директорот на ЈП Водовод, Златко Перински, градоначалничката Арсовска прави уште еден непромислен, избрзан и нечовечки упад“, рече Стефан Андоновски, член во Советот на Град Скопје и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во нејзин стил, како познатата порака која кружи низ градот Скопје – „од утре да го нема“, градоначалникот најави прекин на договорите за работен ангажман на околу 100 вработени во Градот Скопје односно во ЈП Водовод.

Во време на најголема криза во најава, од работа се планира да се избркаат 100 работници од ова јавно претпријатие. Без објаснување каде овие луѓе згрешиле. Без замерки за нивната работа. Без аргументи. Знаеме дека во периодот од 05.07.22 до 07.07.22 во ова јавно претпријатие извршен е инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат на труд, за кој има записник, дека се во врска со работните односи е кристално чисто и дека Водовод е институција каде сите влезови и излези се евидентирани на електронски систем, како и со потпишани пропусници и за службен и за приватен излез на вработените. Значи нема отсуства од работа и нема недостатоци.

Но, Арсовска, спротивно на било каква логика или доказ, го разреши и директорот на ова јавно претпријатие. И сакаше и да го разреши и секретарот на Градот Ѓоко Велковски откога истиот си поднесе оставка, од се уште неразјаснети причини поврзани со јавното претпријатие.

И покрај успесите во работењето, проектите, позитивните промени, како и позитивните оценки од меѓународните кредитори, Арсовска реши да го разреши Перински.

Сега, истото го прави и на недолжни работници кои посветено си го вадат својот леб од работата во јавното претпријатие. Од работен ангажман се бркаат луѓе кои својата работа ја вршат повеќе месеци, а некои од нив и со повеќе години. Наместо нивната стабилност да биде гарантирана пред очекуваната криза, тие сега се бркаат.

На ова непромислено, избрзано, импулсивно и неаргументирано однесување на Арсовска реагираат и бројните синдикати на вработените во претпријатието“, изјави Стефан Андоновски, член во Советот на Град Скопје и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО