Mercedes S Brabus до максимални 325 km/h

Од:

Новата класа S на Mercedes веќе се најде под рацете на специјалистите за тјунирање на Brabus. Во најсилната изведба, лимузината вози 325 km/h.

Brabus нуди пакети за тјунирање на осумцилиндарците со двојно турбонатполнење во класата S.

Наместо сериските 455 КС, по преработката од Mercedes S 500 во Brabus B50 – 520 се добиваат на располагање 520 КС и 820 њутнметри.

Со таква моќ, големата лимузина забрзува до темпо сто за 4,2 секунди. Нарачателот на возилото има можност да избере кога ќе се вклучи електронската блокада на крајната брзина, на 250, 275 или на 300 километри на час.

Порадикални зафати се предвидени за Mercedes S 63 AMG, чија што моќност може да се зголеми и до 145 КС, односно место сериските 585 КС се добиваат 720 КС. Оваа екстремна изведба на големиот Mercedes, која што се води како Brabus B63S – 730, под хаубата се препознава по лесно по топлинската заштита за вшмукувачкиот тракт и за цевките за натполнењето која што е обложена со злато.

Заради предострожност, крајната брзина исто така е ограничена електронски на 325 километри на час.

Има алу-бандажи со димензии 9Jx21 напред и 10.5Jx21 назад, во комбинација со гуми 255/30 ZR 21, односно 295/30 ZR 21. На крајот следува и специјална контролна единица со која што каросеријата на лимузините опремени со пневматска амортизација или со активно подвозје се спушта дополнително за 15 милиметри.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска