Педесетгодишната Американка Шеролин Џексон, која семејството ја погреба на 3 август, се појавила жива и здрава во една институција за ментално здравје во Филаделфија, јавија локалните медиуми.
Мајката на Шеролин, Кери Мини изјави дека жената во ковчегот изгледала идентично како и нејзината ќерка, освен носот, но семејството тогаш претпоставувало дека нешто се случило во процесот на балсамирање.
Џексон во болницата за ментални болести се појавила минатата недела, речиси две недели по сопствениот погреб.
Портпаролот на Одделението за јавно здравство во Филаделфија изјави дека на синот на Шеролин и на социјалниот работник, кој ја познавал им биле покажани сликите од мртвата жена, на кои тие ја препознале Шеролин.
Телото на жената, која е погребана ќе биде ексхумирано со цел да се идентификува.