(ВИДЕО) Вагнер регрутира затвореници за војната во Украина: Ако преживеете шест месеци, ќе одите на слобода

Од:

Вчера на неколку канали Телеграм се појави видео од Евгениј Пригожин, попознат како „готвачот на Путин“, кој ја води озлогласената руска приватна воена компанија „Вагнер“. На видеото се гледа како Пригожин им се обраќа на затворениците на руски и им нуди да се пријават за учество во војната во Украина. „Пријавете се, борете се во Украина и ако преживеете шест месеци, ќе одите на слобода“.

Обраќањето на Пригожин до затворениците беше преведено од руски на англиски од новинарот на The Wall Street Journal, Јарослав Трофимов.

„За прв пат се појавија снимки од Пригожин како регрутира за Вагнер во руски затвор. Сосема лудо. „Никој не се враќа зад решетки. Ако одлежиш шест месеци, тогаш си слободен. Ако дојдеш во Украина и одлучиш дека не е за тебе, ние самите ќе те погубиме“, напиша Трофимов на Твитер, преведувајќи ги зборовите на Пригожин.

Објавеното видео очигледно ги потврдува претходните извештаи на The Wall Street Journal дека Пригожин, олигарх и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, регрутира затвореници за да учествуваат во војната во источниот регион Донбас во редовите на Вагнер.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности