Денеска, успешно се реализираше акција на спасување на две туристки од Полска кај макастиркиот комплекс „Трескавец“, паднати во пресек од карпа над провлија. Конкретно, во 16 часот двете туристки – млади девојки од Полска, од локација кај манастирот „Трескавец“, преку единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, побарале помош бидејќи при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа.
Тие биле дел од поголема група туристи и биле заостанати од групата којашто се враќала од посетата на македонскиот прекрасен и познат манастирски комплекс.
Двете девојки – туристки од Полска кај „Трескавец“, се пронајдени и извлечени во 17:15 часот од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и дека се во добра здраствена состојба.