Повеќе од илјада евакуирани поради пожар во Франција

Од:

Бројот на евакуирани поради шумскиот пожар кој беснее во југозападниот дел на Франција надмина илјада, бидејќи властите денеска евакуираа уште 500 лица.

Илјада пожарникари со помош на 11 авиони од понеделникот го гаснат пожарот во винарскиот регион Медок, пренесува Ројтерс.

Во пожарот уништени се повеќе од 3.600 хектари земја, уништени се четири куќи и неколку згради.

„Се уште временските услови се неповолни, дува ветер, топло и суво. Пожарите се уште се активни“, соопшти департманот Жиронд.

Како што додаваат, седум пожарникари се полесно повредени.

Франција, како и остатокот од Европа, се бореше со топлотен бран и суша во текот на летото, што предизвика шумски пожари низ целиот континент.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски