Илјадници наставници кои веќе трет ден штрајкуваат во Мексико Сити против реформите во образованието, го блокираа градот, попречувајќи го нормалното одвивање на сообраќајот и спречувајќи го пристапот до аеродромот.
Претседателот на Мексико, Енрике Пења Њети во декември во парламентот успеа, образовниот систем повторно да го стави под контрола на државата, а од наставниците бара да поминат задолжителна проценка за успешност во работата.
Училишната година во Мексико започна во понеделник, но во сојузната држава Оаксака во штрајк стапија 70.000 просветни работници, поради што повеќе од еден милион ученици се уште не започнаа со настава.
Елена Георгиевска