Ковачки: Директорот на ДБКИ, за кого постои сомнеж дека учествувал во земање мито наместо да се јави во обвинителство отишол на службено патување

Од:

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека директорот на ДБКИ осомничен дека учествувал во земање мито, наместо да биде разрешен од функцијата, тој заминал на службено патување.

„Премиерот Ковачевски се’ уште го нема разрешено директорот на ДБКИ за кого има сомнежи дека земал мито за упатување на лица во мисија во Брисел. А погледнете до каде оди дрскоста на директорот:

Денеска, на 13 септември, директорот на ДБКИ требало да се појави во обвинителството заради давање на исказ поврзан со земање на мито за упатување на лица на мисија во Брисел“, пишува Ковачки.

„Меѓутоа, според тоа што до нас го доставија лица кои сакаат да останат анонимни, директорот на ДБКИ воопшто не се појавил затоа што истиот уште пред 2 дена, заминал во Копенхаген, Данска, на службен пат.

Ете толку од почитта кон македонските институции на директорите поставени од оваа Влада. Инвентивно, нема што.

Сепак е помудар потег да избегаш од распит, отколку како оној потег на директорот Муареми кому откако му покренаа постапка за слично дејание, и’ поднесе кривична на обвинителката што се осмелила да поведе постапка. Или можеби не?“ напиша Ковачки на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ