Вкупната меѓународна трговија на Камбоџа е зголемена за 21,5 отсто на 37,4 милијарди американски долари во првите осум месеци од оваа година, се наведува во извештајот на Камбоџанскиот генерален оддел за царини и акцизи.
Во извештајот се вели дека од јануари до август 2022 година, Камбоџа извезла стоки во вредност од 15,61 милијарди американски долари, што е за 26,3 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Се додава дека увозот на земјата изнесува 21,76 милијарди американски долари, што е раст од 18,3 отсто на годишно ниво.
Кина останува најголемиот трговски партнер на Камбоџа, а потоа следат САД, Виетнам, Тајланд и Сингапур.
Во однос на извозот, САД остануваат најголемиот пазар за камбоџански производи. Извозот во САД изнесуваше 6.421 милиони американски долари, што е раст од 37 отсто на годишно ниво. Ова претставува 41 процент од вкупниот извоз на земјата.
Виетнам и Кина се вториот и третиот извозен пазар со вредност од 1,469 и 804 милиони американски долари.
Извор: МИА