Со колера заразени 936 лица во Сирија, осуммина починаа

Од:

Претставници на Обединетите Нации (ОН) во Сирија потврдија дека во земјата во неколку региони има појава на колера, досега се заразени 936 лица, а осуммина починаа. Тие предупредија оти станува збор за сериозна закана за целата област.

Координаторот на ОН во Сирија, Имран Риза повика на итна реакција со цел да се спречи ширење на колерата.

Засега случаи на колера има регистрирано во регионите Алепо, Деир ез-Зор, Рака, Хасака, Хама, Латакија.

Појавата на колера поединци ја поврзуваат со наводнување на посевите со загадена вода и користење нечиста вода од Еуфрат за пиење.

Реката Еуфрат ја дели Сирија на половина од север кон исток.

Големото уништување на водената инфраструктура за време на долгогодишната војна, доведе до тоа, Сиријци да бидат принудени да употребуваат вода од небезбедни извори.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација во Сирија, Ричард Бренан потврди за евидентирани осум смртни случаи поради колера во земјата од 25 август. Од нив, шест во Алепо на север, два во Деир ез-Зор на исток. Се работи за првите потврдени случаи на колера изминатите неколку години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Потврден прв случај на колера во Либан, ризикот од ширење на болеста е многу висок

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение