Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на покана од словенскиот министер за земјоделство и животна средина Дејан Жидан, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета на Словенија.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумартсво и водостопанство, посетата е по повод отворањето на Агра – 51 Меѓународен саем за земјоделство и храна кој традиционално се одржува во Горна Радгона, Словенија.