Прва посета на Архиепископот охридски Јован во затворот Идризово

Од:

После една година и речиси девет месеци поминати во затворската келија, Архиепископот охридски г.г. Јован, за првпат доби можност за еднократна посета од страна неговите собраќа, Епископите на Православната Охридска Архиепископија, во просторот предвиден за посети, во затворот Идризово.

На 23-ти Август 2013 година, Нивните Преосвештенства, Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид го посетија Блаженејшиот Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и се задржаа во краток разговор, пренесувајќи му ја љубовта, но и прозбите од верниот народ за неговиот благослов и молитви.

Архиепископот охридски Јован ги увери Епископите дека се чувствува малку подобро со здравјето, а на сите припадници на Православната Охридска Архиепископија им го испраќа неговиот архипастирски благослов, поттикнувајќи ги секогаш да ја чуваат радоста во најразличните животни околности.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски