Браќата Ајет и Кастриот Бајра од Исток, град и општина во северозападниот дел на Косово, се обиделе да киднапираат две малолетни девојчиња, пренесува Индекс онлајн.
Настанот се случил во петокот околу 21.30 часот. Според Индекс онлајн, двајцата браќа се од општина Исток.
Ајет Бајра е уапсен, додека Кастриот се уште е во бегство, јавува Косово онлајн.
Извори за Индекс онлајн тврдат дека и малолетните девојчиња се од иста населба со осомничените.
Еден од уапсените по извршениот разговор е приведен.