По два меча без победа, Лацио на Маурицио Сари триумфираше со 2:0 над Верона во тежок меч за враќање на самодовербата на римскиот клуб.
Како многу пати во минатото, клучна за Лацио беше двојката Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Чиро Имобиле, откако нивната комбинација донесе водство во 68. минута од мечот. Ова беше 185. гол во Серија А за капитенот на Лацио, со што го помина легендарниот Габриел Батистута на 11. место на вечната листа, и сега пред него се Џузепе Сињори, Алесандро дел Пјеро и Алберто Џилардино.
Точка на мечот во 96. минута стави Луис Алберто, за Лацио да се искачи на шестото место на табелата со 11 поени, три помалку од лидерите Наполи, Милан и Аталанта.
Извор: Топспорт