(ВИДЕО) Стоилковски: Поделени вработувања? Миленици на Антимакедонската СДС во АЕК, на ДУИ во МНР

Од:

Антимакедонската СДС ја девастираше Македонија и наместо за енергетиката и за финансиите се грижи единстено за ухлебување на партиските миленици и функционери.
Антимакедонската СДС нема вистински одговор за вработувањата ниту на Бесмира Ејупи во МНР, ниту на битолската наставничка во АЕК, Емилија Костурски, член на ЦО на СДСМ и заменичка на екс-градоначалничката на Битола, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оттука барам директен одговор: Дали 56 годишна наставничка од средно медицинско училиште во Битола е најсоодветниот кадар за место соработник за информатички технологии во АЕК? Дали предноста на примената пред пријавениот информатичар на конкурсот во АЕК е само фактот што таа е партиски функционер на антимакедонската СДС?

Антимакедонската СДС мора да одговори дали работното место во АЕК со плата од 55.000 денари било претходно поделено да припадне за партиски кадар на антимакедонската СДС во замена за вработувањето од ДУИ во МНР? Во исто време, неопходен е директен одговор, дали Бесмира Ејупи ќе биде испратена наскоро во некоја дипломатска мисија? Дали сето ова е последица на ухлебувањето на буџетски пари со полнење и партизирање на администрацијата?

Почитувани,
Македонија нема струја, нема ниту гас, ниту јаглен и ниту мазут. Македонија зимово пред нас може да замрзне, да гладува и повторно да нема училишта. Ама затоа антимакедонската СДС ја распродава националната посебност на Македонскиот народ, за да може да краде и да тргува со вработувања за ухлебување на партиски миленици и функционери во администрацијата.

Ова е неиздржливо, ова мора да има крај. Неопходни се итни тројни избори- парламентарни, претседателски и Референдум! За жал тоа е вистината. Единствената поделба е на народот од една страна и антимакедонската СДС од друга страна. Работите мора да ги именуваме со вистинското име, ако сметаат дека не е така и дека ја имаат поддршката на народот, дека работат во корист на народот, антимакедонската СДС нека не бега од Референдум и од избори. Но, реалноста е дека антимакедонската СДС не е политички противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку е реален противник на се што е македонско. Антимакедонското делување на СДС е реалност, спроведуваат бришење и предавство на се што е македонско традиција, историја, придавки изведени од Македонија, а асимилацијата ја ставија како услов за Европска интеграција. Оттука антимакедонската СДС е противник на македонскиот народ и со тоа на ВМРО-ДПМНЕ како партија од и за народот – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито