СДСМ Битола: Што знае ДПМНЕ што е оглас за вработување?!

Од:

Реакција на СДСМ Битола по прес-конференцијата на Наум Стоилковски кој обвини дека функционерка на СДСМ била вработена во АЕК за плата од 55 илјади денари.

„Три дена ДПМНЕ Врховистичко се мачи и не може да објасни во јавноста дека некаде се случило вработување по распишан оглас.Во последниот поход за оцрнување на личност, член на ЦО на СДСМ, впрегнати се пратеници, поранешни министри, а еве и портпароли на ДПМНЕ Врховистичко кои, по навика, судат дали некој треба или не да се вработи, дали некој има или не квалитети и исполнува или не критериуми.

ДПМНЕ Врховистичко не може да разбере дека луѓето се вработуваат преку оглас. Нејасно им е во ВМРО Врховистичко што е тоа оглас за вработување, кои се процедурите и кој го има последниот збор.

Не може да сфатат во ВМРО Врховистичко дека помина времето кога бегалецот од Будимпешта ги диктираше решенијата за вработување по партиските дувла. Вработувањата сега се случуваат по објавен оглас. ОГЛАС! Нешто што беше непознатица за ДПМНЕ Врховистичко и што се врати “на голема врата” од сите нивни градоначалници низ државата.

Оправдувањето на ДПМНЕ Врховистичко за сите нивни партиски и роднински вработувања е “Секој има право да работи”, а всушност шансата ја имаат само тие со членска од ДПМНЕ Врховистичка. Ќе треба време да се помират со реалноста во која се почитуваат законите и процедурите наместо партиската директива“, се наведува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он