Како што пренесуваат британските медиуми, во пресрет на смртта на кралицата Елизабета Втора дошло до мала драма, а главни актери биле војводата и војвотката од Сасекс. Најпрво, случајно беше што Хари и Меган беа во Британија кога состојбата на кралицата се влоши, што ги поштеди од повеќечасовниот лет преку Атлантикот.
И покрај несогласувањата во последните години, принцот Хари отсекогаш имал посветен и топол однос со својата баба. Според The Sun, принцот Хари бил во Фрогмор кога добил повик од неговиот татко, кралот Чарлс III, кој го замолил да не ја носи Меган во Шкотска.
„Чарлс му кажа на Хари дека не е соодветно Меган да биде во Балморал во време на голема тага“, изјави извор за Сан.
„Нему му беше кажано дека ниту Кејт нема да оди и дека посетата ќе биде ограничена само на членовите на потесното семејство“, рече изворот, додавајќи: „Чарлс јасно стави до знаење дека Меган не е добредојдена“.
Дејли Мејл шпекулира што навистина се случило во оваа прилика. Додека едни тврдат дека Хари и Меган не знаеле дека и Кејт нема да биде во Балморал, па се согласиле со одлуката Меган да не оди ниту во замокот, други велат дека нејзиното присуство било буквално забрането, тврдејќи дека доколку не беше Кејт Мидлтон, таа немаше да биде таму.
Некои медиуми објавија дека на Хари не му било дозволено да се качи во авионот со кој Вилијам, Едвард и Ендру беа однесени во Балморал, пишува Мирор.
Да потсетиме дека принцот Хари не успеа да се збогува со кралицата Елизабета Втора, туку пристигна во Балморал неколку часа откако кралицата почина.