Канадскиот премиер, кој британската кралица Елизабета Втора ја запознал како момче, беше на работ на солзи кога зборуваше за нејзиното заминување. Во своето обраќање до Канаѓаните, Трудо ја опиша британската кралица, која почина вчера, како една од неговите омилени луѓе во светот.
„Имаше длабока и постојана љубов кон Канаѓаните“, рече Трудо.
„Како нејзин 12-ти канадски министер, тешко ми е да поверувам дека нашата последна средба навистина ни беше последна. Ќе ми недостигаат тие разговори“, рече канадскиот премиер. Имено, Трудо како син на тогашниот канадски премиер Пјер Елиот Трудо бил присутен на средбата меѓу неговиот татко и кралицата Елизабета.