Сијарто: Европа нема да може да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека обидите на Западот да ја ослабне Русија не успеале и покрај големиот број санкции што се воведени против Москва, пренесува МТИ.

– Во моментов против Русија се во сила 11.000 санкции, но обидите за ослабување на Русите не се крунисани со успех. Напротив, тешката инфлација и енергетскиот дефицит, предизвикани од санкциите, би можеле да ја доведат Европа на колена – рече Орбан.

Според него, доколку не се промени политиката на санкции во Европа, ситуацијата ќе биде тешка.

Орбан истакнува дека е неопходно „да се бориме против зелените и бирократите вклучени во геополитичките игри“ за да се убедат да не се откажуваат од различни извори на енергија.

– Од политички причини се откажуваме од користењето различни извори на енергија и со тоа си го поскапуваме животот и ја отежнуваме позицијата на сопствената индустрија во глобалната конкуренција – рече Орбан.

Претходно, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Унгарија не сака да разговара за санкциите против Русија во врска со снабдувањето со нафта и гас. Според Сијартo, „не е возможно да се транспортира природен гас во воз или во ранец“, Европа нема да може да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори, пренесе Новости.рс.

Би можело да ве интересира

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Орбан со порака до Вучиќ: Не сте сами, може да сметате на унгарските патриоти

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности