Алкараз во полуфиналето – го победи Синер во меч од пет часа

Од:

Карлос Алкараз и Јаник Синер одиграа фантастичен натпревар во четвртфиналето на УС Опен.

Двете ѕвезди во подем во светскиот тенис им приредија неверојатно задоволство на љубителите на тенисот, а по пет часа и 15 минути игра и голем пресврт победи Алкараз со 6:3, 6:7 (7), 6:7 (0), 7 :5, 6:3.

За малку не успеа да го собори рекордот на Опен Ера за најдолг натпревар на УС Опен.

Шпанецот и Италијанецот играа до 02:52 часот по локално време во Њујорк, и несомнено ова беше мечот на годината.

Она што го видовме во таа неверојатна пресметка меѓу двајца тинејџери е тешко да се опише, но буквално се што го прави тенисот толку возбудлив покажаа Јаник и Карлос.

Штета што еден од двајцата мораше да го заврши натпреварот, а неизвесноста беше таква што до крајот не се знаеше кој ќе излезе како победник.

Во полуфиналето ќе игра против Френсис Тиафо, кој го совлада Андреј Рубљов со 7:6 (3), 7:6 (0), 6:4.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

Каспер Руд го совлада Алкараз во два сета на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех