Турист во Рим доби казна од 450 евра оти седнал на раб на фонтана и јадел

Од:

Турист од САД е казнет со 450 евра додека бил во Рим затоа што јадел и пиел додека седел на работ од фонтана.

55-годишникот во саботата околу 1 часот по полноќ седнал на работ од фонтаната и почнал да јаде, по што бил запрен од полицијата и казнет поради законите за заштита на спомениците, кои се наменети за одржување пристоен изглед на градот, пишува CNN.

Фонтаната била изградена помеѓу 1588 и 1589 година од страна на архитектот и скулптор Џакомо дела Порта, а била обновена во 1997 година. Заштитена е со правила кои првпат беа воведени во 1970-тите за да се зачуваат историските фонтани, статуи и други споменици. Ажурираните закони со фокус на одржување на „еколошкото уредување“ на градот се во сила од 2019 година.

Правилата, покрај забраната за јадење, вклучуваат и забрана за консумирање алкохолни пијалоци на улица, организирање обиколки по кафеани со алкохолни пијалоци и капење во градските фонтани.

Локалната полиција соопшти дека извршила повеќе од 300 претреси минатиот викенд. Полицајците можат да изрекуваат казни, па дури и да забранат на луѓето да влезат во одредена област во период од 48 часа. Повторените престапници може да добијат забрана до 60 дена.

Кога беа воведени овие правила, градскиот совет рече дека тие „се занимаваат со многу аспекти од градскиот живот, со особено внимание на почитувањето на уметничкото и културното наследство на главниот град“.

Правилата се во служба и на борбата против прекумерниот туризам, бидејќи Рим има проблем со премногу посетители. Пред пандемијата на коронавирус, околу 10 милиони туристи пристигнуваа во Рим секоја година.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски