Урсула фон дер Лајен: ЕУ со најнов план за цените на струјата и гасот

Од:

Европската комисија (ЕК) предложи обврзувачко намалување на потрошувачката на електрична енергија за време на шпицот на оптоварување и пренасочување на дополнителниот профит на енергетските компании кон најранливите граѓани и претприемачи поради огромниот пораст на цените на енергијата.

„Ќе предложиме обврзувачка цел за намалување на потрошувачката во време на шпиц и тесно ќе соработуваме со земјите-членки за да го постигнеме тоа“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, презентирајќи ги предлозите за мерките за запирање на вртоглавото поскапување на енергијата.

Мерките имаат за цел да им помогнат на најзагрозените граѓани и бизниси.

„Што и да правиме, ќе мора да заштедиме, но да заштедиме на паметен начин“, додаде таа.

Електричната енергија потрошена во периодите на шпиц е најскапа и затоа е потребна стратегија за изедначување на потрошувачката во текот на денот, додаде Фон дер Лејен.

Друг предлог вклучува ограничување на приходите на компаниите кои произведуваат електрична енергија по ниски трошоци, како што се оние кои добиваат електрична енергија од обновливи извори и пренасочување на дополнителниот профит кон ранливите групи граѓани и бизниси. Идејата е да се воведе ограничување на приходите за компаниите кои произведуваат електрична енергија од фосилни горива.

„Компаниите за нафта и гас исто така имаа огромни приходи, затоа предлагаме нивен заеднички придонес“, вели Фон дер Лејен.

Четвртата мерка предложена од ЕК е поддршка на енергетските компании за да можат да се справат со нестабилноста на пазарот.

Предложените мерки вклучуваат ограничување на цената на гасот што се увезува од Русија.

„Целта е многу јасна, мораме да ги намалиме руските приходи што рускиот претседател Владимир Путин ги користи за финансирање на страшната војна против Украина“, рече Фон дер Лајен.

Европската унија веќе драстично го намали увозот на руски гас. На почетокот на војната против Украина, ЕУ увезуваше 40 отсто гас од Русија, а денес е девет отсто. За предложените мерки ќе разговараат министрите на земјите-членки задолжени за енергетика, кои во петок ќе се соберат на вонреден состанок.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Фон дер Лајен: ЕУ може да го замени рускиот гас со американски, поевтин

А1он

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Урсула фон дер Лајен и Шарлс Мишел разговараа со Трамп за идната соработка

Фон дер Лајен со нетрпение очекува да работи со Трамп