Новата британска премиерка Лиз Трaс го именуваше својот кабинет, во кој функцијата министер за надворешни работи му припадна на Џејмс Клеверли.
Првиот состанок на кабинетот на Лиз Трас
Клеверли, чија мајка е од Сиера Леоне, претходно беше министер за образование.
Трас го назначи Квази Квартенг, чии родители дојдоа од Гана во 1960-тите, за министер за финансии.
Суела Браверман, чии родители дошле во Британија од Кенија и Маурициус пред 60 години, ја наследила Прити Пател на функцијата министер за внатрешни работи, каде што ќе биде задолжена за полициско работење и имиграција.
Бен Валас останува министер за одбрана, јавува Би-би-си.
Брендон Луис ќе го замени Доминик Рааб на функцијата министер за правда.
Џејк Бери е назначен за министер без ресор и лидер на Конзервативната партија.