Русија побара од МААЕ појаснување за извештајот за нуклеарната електрана Запорожје

Од:

Москва побара „појаснување“ од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за нејзиниот извештај за ситуацијата во украинската нуклеарна централа во Запорожје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Потребно е да се добијат дополнителни појаснувања, бидејќи извештајот содржи голем број прашалници… Овие појаснувања ги побаравме од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави Лавров за руската новинска агенција Интерфакс, пренесува Бета.

Руската мисија во ОН вчера го изрази своето жалење што МААЕ не ги назначи силите на Киев како оние што ја бомбардираа електраната во Запорожје.

Нуклеарната централа, најголемата во Европа, е во рацете на руските сили кои започнаа инвазија на Украина на 24 февруари.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на околината на комплексот на електраната и за загрозување на таа локација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов