(ВИДЕО) Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

Од:

Со државнички политики направивме историски исчекор во остварување на стратешката цел поставена уште од независноста: започнавме преговори за полноправно членство во ЕУ. Се одржа и првата Меѓувладина конференција, подготвена е структурата за преговори за пристапување со ЕУ. Нашата цел е до 2030 година да ги завршиме преговорите.Она што е исклучително важно е дека ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски идентитет, македонски јазик и посебност, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

– Тоа е потврдено на официјалните канали на ЕУ, каде јасно стои македонскиот јазик, како и во изјавите на сите високи претставници од Унијата. Пропаднаа буквално сите лаги на Мицкоски. Не само што нема ниту бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со заштитен македонски идентитет и јазик.

Откако му пропаднаа сите лаги и обиди за дестабилизација, за блокирање на европската иднина на државата Мицкоски измислува нови форми за нови блокади. Оваа иницијатива на Микоски е Референдум против членство во ЕУ, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Иницијатива за негова внатрешна употреба, која нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее.Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.

Колку е очаен и лицемерен покажува фактот што токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик.Мицкоски бараше референдум и за Преспнаскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа. Иако и за овој договор лажеше дека ќе го загрози идентитетот што се покажа дека не е така.

Почитувани, два политички концепти има во нашата земја.Едниот, мозински, предводен од СДСМ и коалицијата којшто е за членство во ЕУ и вториот, на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица којшто е против Европската унија.

Проевропскиот политички концепт носи напредок, интеграција, економски развој а антиевропскиот: блокади, тензии, деструкции и враќање назад.Заедно со граѓаните, европската коалиција нема да дозволи државата да застане ниту да се врати назад. Мицкоски не може да ја спречи европската иднина – тврди Каевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје