Ердоган на страната на Русија: Сами сте виновни што Путин ви го секна гасот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјите кои воведоа санкции кон Москва поради инвазијата на Украина се директно одговорни за енергетската криза со која се соочува Европа.

„Европските земји сега го жнеат тоа што го посеаа. „Односот на Европа кон Путин и санкциите го доведоа првиот човек на Русија до точка каде што рече: „Ако вие го направите ова, јас ќе го направам тоа“, рече Ердоган.Ердоган на страната на Русија: Сами сте виновни што Путин ви го секна гасот
– Путин ги користи сите средства и оружје со кои располага, пред сè природниот гас. Ние не го сакаме тоа, но мислам дека Европа оваа зима ќе има сериозни проблеми, додаде Ердоган.

Тој исто така рече дека Турција „нема да има такви проблеми“.

Кремљ вчера соопшти дека прекинот на испораката на руски гас за Германија преку стратешкиот гасовод Северен тек е само вина на Западот бидејќи санкциите против Русија го спречуваат, како што тврди Москва, одржувањето на гасната инфраструктура, потсетува Бета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте