Мирен протест во универзитетскиот кампус во Атина, одржуваат од рано утрово студенти во знак на протест за одлуката да започне со работа универзитетската полиција, а напладне ќе одржат собир пред Министерството за цивилна заштита, кое е надлежно за полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на вчерашниот ден грчките медиуми објавија дека новоформираната универзитетска полиција, односно „Тимовите за заштита на универзитетски институции (ОППИ)“, веќе почнува да се распределува и да патролира во универзитетскиот кампус во Атина, по што следеше реакција од студентите и одржување на протест на кој се имаше и мали инциденти.
На синоќешниот протест, на студентите, поддршка им дадоа и тројца пратеници од опозициските СИРИЗА, МЕРА25 и Комунистичката партија.
Планирано е универзитетската полиција да биде распределена на три Универзитети во Атина и на еден во Солун.
Припадниците на тимовите за заштита на универзитетски институции на средината на мај ја завршија обуката, се чекаше објавување на Претседателскиот декрет кој ќе го регулира нивното работење.
Студентите, како во Атина, така и во Солун, пред летото одржаа неколку протести за да го изразат нивното несогласување со одлуката да се воведе универзитетска полиција.
Извор: МИА