Лука Церовиќ, кој според оперативните податоци е „десна рака“, односно најблискиот соработник на Никола Вушовиќ, познат како Џони од Врачар, денеска и се предал на полицијата.
Тој денеска дошол во придружба на адвокат во Палатата на правдата, односно кај судијата на претходна постапка и веднаш бил приведен.
По Церовиќ беше распишана потерница на предлог на Вишото обвинителство во Белград, кое го гони него и уште двајца осомничени за изнуда.
Наводно, Вушовиќ и Церовиќ се на чело на таканаречениот „клан од Врачар“, за кој се шпекулира дека ги презел сите работи на Вељко Беливук по неговото апсење.
Истражителите наредиле и нивната ДНК, доколку постои во базата, да се спореди со трагите пронајдени во куќата на ужасите во Ритопек.
Вушовиќ, познат како Џони од Врачар, беше уапсен во Доминиканската Република во март минатата година, но наместо да биде екстрадиран во Србија која трага по него, тој беше ослободен од екстрадиционен притвор.