Градскиот суд на Москва денеска го осуди поранешниот новинар Иван Сафронов, одличен познавач на воените прашања, на 22 години затвор за „велепредавство“.
Сафронов (22), кој се наоѓа во затвор од 2020 година, казната треба да ја отслужи во затвор со строг режим, одлучи судот.
Сафронов беше приведен во јули 2020 година под обвинение за „велепредавство“, а Федералната служба за безбедност (ФСБ) тогаш објави дека тој, по задача на „специјалната служба“ на НАТО, поврзувал и пренесувал информации за воено-техничката соработка, одбрана и безбедност на Русија, кои претставуваат државна тајна.
Руските медиуми наведуваат дека неговото апсење најверојатно е поврзано со написот што го објави во Комерсант во мај 2020 година за испораката на руски ловци „Су-35“ за Египет.
Извор: МИА