Најмалку осум лица загинаа во силниот земјотрес што во текот на ноќта го погоди североисточен Авганистан, соопшти директорот за информации и култура на провинцијата Кунар и портпарол на гувернерот Мавлави Наџибула Ханиф.
Тој за локалните медиуми предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми и нагласи дека има и сериозна материјална штета.
Американскиот геолошки институт регистрира земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава во близина на Џалалабад.