Царинската управа на Албанија во периодот јануари-август остварила приход во износ од 144 милијарди лека (над 1,2 милијарди евра), од планираните 143,3 милијарди лека.
Споредено со истиот период минатата година остварени се околу 2,1 милиони евра повеќе.
– Во овој период рекорд е регистриран кај царинењето на цигари, кога се царинети 2.015 тони, што е најголема количина од 2015 година. Исто така царинети се 384.000 тони гориво, соопшти Царинската управата.
Според истиот извор во текот на месец август годинава, царината инкасирала 21,3 милијарди лека, што е за четири милијарди повеќе во однос на истиот период минатата година.
Извор: МИА