Стоилковски: Омиленото ТВ лице на ДУИ Бесмира Ејупи вработена во МНР за полесно да ја пратат како Генерален конзул?

Од:

„Македонската дипломатија меѓународно е девастирана, македонските национални интереси, македонската посебност и идентитет се распродаваат, а Бујар Османи се занимава со ново вработување во МНР на омилената ТВ презентерка на ДУИ, соработничката на општините водени од ДУИ, лицето без кое државниот правобранител Фехми Стафа не можеше да функционира, добитникот на најмалку 12.000 евра годишно хонорари, Бесмира Ејупи!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Буџетот е празен, државата е во кризна состојба, а власта се занимава со ухлебување на функционерски миленици! Бесмира Ејупи, несудената генерална конзулка во Њујорк, од неодамна е нововработена во Министерството за надворешни работи, соработник во одделението за правни работи. Веќе е почната постапка за добивање картичка за евидентирање на влез и на излез на Ејупи, како и влез во компјутерскиот систем, за што според информациите е почната процедура за безбедносен сертификат „доверливо“ за Бесмира Ејупи.

Според информациите, додека тече истрагата за исплатите на над 12.000 евра за една година од институции водени од ДУИ кон Бесмира Ејупи, државниот правобранител, Фехми Стафа тврдеше дека не можел да функционира без неа, додека се уште не е слегната прашината за повлечениот предлог на Влада таа да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, Бујар Османи ја презема и вдомува Бесмира Ејупи во МНР.

Почитувани, македонската дипломатија е во нокаут, а институциите служат за задоволување на апетитите и фрустрациите на функционери на ДУИ-СДСМ. Бујар Османи и Димитар Ковачевски коишто тврдеа дека не ја познаваат Бесмира Ејупи, коишто го криеја предлогот на Влада таа да биде генерален конзул во Њујорк, сега мора да одговорат за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР?

Османи и Ковачевски мора директно и прецизно да одговорат зошто Бесмира Ејупи е вработена во МНР? Дали вдомувањето на Бесмира Ејупи во МНР и обезбедувањето на сертификат за доверливост и се потребни за да може полесно да го премостат јазот и скандалот, и конечно да може да ја испратат како дипломат, конзул или амбасадор во Њујорк?

Османи и Ковачевски мора да одговорат како е можно лице зад кое што се води истрага за огромен финансиски скандал, можни злоупотреби и префрлање огромна сума буџетски пари, сега да биде вработено во МНР, да му се издава безбедносен сертификат и да биде дел од дипломатската мрежа?

Османи и Ковачевски мора да одговорат со што тоа Бесмира Ејупи ги задолжила до таму, што откако Фехми Стафа е разрешен како државен правобранител, таа да биде вработена во МНР на Бујар Османи?

Ова е срамно и ја покажува вистинската слика за самоволието и девастацијата на македонската дипломатија. За ова се потребни одговори, одговорност и секако отворање истраги од сите надлежни институции. Ова мора да има крај!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски