КАРИЛ: Пациентите не се препраќани во други болници, во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот

Од:

Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје преку писмено соопштение ги демантира информациите пласирани од страна на ВМРО ДПМНЕ во однос на состојбата на оваа клиника.

– Поплавите кои се случија пред неколку дена не ја поплавија КАРИЛ туку предзивикаа дефект во дел од инсталациите и заради безбедност на пациентите, неколку кревети се исклучени од употреба. За оние кои се помалку упатени, да појасниме дека еден кревет на КАРИЛ е поврзан со инстации (кислород и друи гасови како и електрично напојување за респиратор, монитори, аспиратори, перфузори..) Секоја од овие инстаналции е клучна за функционирање и лекување и токму затоа и при најмал дефект се први комплетна санација.

Значи да појасниме уште еднаш поплава на клиниката немало, туку само делумен дефект во делот на инсталациите поради кој од предострожност е намален бројот на кревети. Дефектот е во фаза на санација, велат од Клиниката.

– Исто така, пациентите кои беа на КАРИЛ не се препраќани во други болници, туку се згрижени во склоп на капацитетите на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ. Дадено е соопштение до други болници во наредниот период додека не се санира дефектот и не се овозможи непречено функционирање на сите кревети на КАРИЛ, нови пациентите да се праќаат во клничките болници ГОБ 8 Септември, Штип, Тетово и Битола кои се КЛИНИЧКИ БОЛНИЦИ и поседуват одделенија за интензивна нега оперемени со истата апартаура како КАРИЛ, со вработени анестезиолози со ист степен на образование и искуство како и лекарите од КАРИЛ. Овие болници и во секојдневната пракса примаат и лекуваат болни кои бараат интензивна нега. Значи дека во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот. Во соопштението е појаснето дека за секој случај за кој колегите сметаат дека им треба дополнително мислење, да ги контактираат колегите од КАРИЛ, се додава во соопштението на Клиниката

– На КАРИЛ како и на сите останати клиники на ТОАРИЛУЦ редовно се земаат микробиолошки брисеви од страна на ИЈЗ. Тоа е нешто што е дел од секојдневната работа и нешто што како протокол секогаш се прави, истакуваат од Клиниката.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик

Катерина Ѓуровски

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата